Home » МЛАДИТЕ ВО КИНА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СВРТУВААТ КОН „ИМИТАЦИИ“ И ПОЕВТИНИ БРЕНДОВИ

МЛАДИТЕ ВО КИНА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СВРТУВААТ КОН „ИМИТАЦИИ“ И ПОЕВТИНИ БРЕНДОВИ

by Lina Muslija

Генерацијата Зет во Кина сѐ повеќе го напушта трендот со брендирана облека и се свртува кон купување „имитации“ и поевтини брендови.

Директорката на „Минтел“ – фирма за истражување на пазарот со седиште во Шангај, Лаурел Гу забележува дека тој тренд и очигледното економско забавување е поврзано со раст на побарувачката на висококвалитетни „имитации“ и алтернативни брендови на социјалните мрежи од 2022 до 2024 година. Според неа, за разлика од пред 10 години, кога кинеските купувачи како најголеми потрошувачи на луксуз во светот, бараа производи од познати западни брендови, сега потрошувачите сѐ почесто бараат финансиски подостапни алтернативи… И, тоа станува нов тренд.

Зголемениот интерес за реплики не е проблем само за етаблираните брендови, туку влијае и на другите сфери на продажба. Во мултинационалниот конгломерат за луксузни стоки, „Луј Витон“, на пр., има пад од 10 отсто во првите шест месеци од оваа година во подрачјето на Азија, во споредба со минатата година.

Трендот „пингти“ придонесува и за вкупната слаба потрошувачка и продажбата на мало. Низата економски податоци во текот на летово предизвикува „загриженост“ кај економистите дека Кина може да ја пропушти целта за раст од пет насто, објавена во март.

Кинеските власти во петокот соопштија дека невработеноста кај лицата на возраст од 18 до 24 години, со исклучок на студентите, е зголемена на 18,8 отсто во август. Постојната криза резултираше со остар пад на цените на недвижностите и губење доверба кај потрошувачите. Поединци и компании се обидуваат да ги зачуваат своите приходи со намалување на ресурсите и со инвестиции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk