119
На 31.08.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.