22-годишник од струшко со ловечка пушка пукал кон кучиња.
Како што соопшти полицијата, вчера во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Н.Б.(22) од с.Луково, струшко, постапувајќи по претходна пријава од И.Б.(71) од истотo село дека Н.Б. од ловечка пушка испукал неколку куршуми кон кучиња кои биле пред нејзината куќа.
Од Н.Б. била одземена ловечката пушка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.