Home » Мизрахи: Борбата со криминал и корупција е првото и основно прашање на кое треба да се обратиме

Мизрахи: Борбата со криминал и корупција е првото и основно прашање на кое треба да се обратиме

by Журнал.мк

Борбата со криминал и корупција е првото и основно прашање на кое треба да се обратиме. Досега имавме држава која и припаѓаше на мафијата и ни треба борба со таа мафија, криминал и корупција за да имаме слободни институции и систем кој ќе функционира – истакнува пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Ќе дадеме сè од себе да повлечеме напред, кадровски решенија во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се исклучително квалитетни луѓе, истакна пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во вечерашното гостување во емисијата „За или Против” на ТВ Алфа

-Ќе треба одреден период за Македонија да има одреден напредок, ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе дадеме сè од себе со еден жар во нас да повлечеме нанапред, тоа беше повеќе од очигледно и од техничките министри и замениците министри во техничката Влада. Јас сум пресреќна со кадровските решенија во новата влада бидејќи тоа се исклучително квалитетни луѓе – потенцираше Мизрахи.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека враќањето на нормалноста во функционирањето подразбира оживување на институциите од внатре и искористување на кадарот што се наоѓа внатре во институциите.

-Досега министрите се грижеле за нивниот личен бенефит или тендерските постапки, па затоа имаме толкава стапка на криминал и корупција која ја гледаме. Криминалот и корупцијата во над 90% е контролиран од државата што значи дека министрите и владата имала учество во тој криминал и корупција – рече Мизрахи.

Таа истакна дека борбата со криминал и корупција е главното прашање за ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е првото и основно прашање на кое треба да се обратиме. Досега имавме држава која и припаѓаше на мафијата и ни треба борба со таа мафија, криминал и корупција за да имаме слободни институции и систем кој ќе функционира – вели Мизрахи.

Создавање држава која ќе биде стабилно место за живеење ќе биде генералната цел на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

– Генералната цел за нашето постапување како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е создавање на држава, имање на држава која ќе биде стабилно место за нашите деца да останат дома. Сите заедно со многу надеж после огромната победа ќе изградиме држава достојна за Македонија – посочи Мизрахи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More