Home » Митрески по повод Рамазан организираше Ифтарска вечера во Собрание

Митрески по повод Рамазан организираше Ифтарска вечера во Собрание

by Журнал.мк

Претседателот на Собранието – Јован Митрески, во чест на светиот месец Рамазан, традиционално организираше Ифтарска вечера.

Тој изрази задоволство што во овие свети денови за припадниците на муслиманската вероисповед сите заедно ја споделуваме вербата во соживотот и меѓусебното почитување на различностите.

„Почитувањето на другиот, со сите форми на верување, живеење и изразување е предуслов за здраво општество, за толерантно меѓуетничко општество како што е нашето. Само на овој начин, како што сме вечерва, со различна вероисповед, со различна политичка припадност и уверување, со различна етничка припадност, а повторно заедно, на иста маса и со заедничка желба за просперитетна и безбедна иднина, можеме да обезбедиме поубава и посветла иднина за нашите граѓани“, им порача на присутните претседателот Митрески.

На Ифтарската вечера присуствуваа претседателот на Владата Талат Џафери, претставници од верските заедници во државата, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи во Собранието, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, пратениците од муслиманска вероисповед.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More