Митовски, во денешната дебата на ТВ24 зборуваше за случајот со рудникот „Тораница“ и институционалното постапување поврзано со еколошкиот инцидент и загадувањето на Крива Река со цијанид и други опасни токсични материи.
▫️Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум. Мојата одлука за правење на анализите на водата се засноваше единствено врз потребата на заштита на граѓаните. Во една таква ситуација, како прв човек на општината, кога гледате дека системот и државните институции не функционираат, неопходно и неминовно беше да застанам во одбрана на моите сограѓани, рече Митовски, укажувајќи на несоодветното функционирање на системот и институциите.
Митовски истакна дека во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина било наведено дека се работи за технолошки води, но без соодветни анализи. Тој посочи дека во целата постапка не се земени предвид сите инспекциски методи и дека и институциите директно излегле во одбрана и заштита на рудникот Булмак 2016.
▫️Сметаме дека Државниот инспекторат е застанат директно во одбрана на приватната компанија. Поразително е за сите нас кои довербата ја црпиме од граѓаните да бидеме во функција на заштита на нечиј приватен или бизнис интерес, додаде Митовски.
Митовски: Јас сум во функција на граѓаните, не на приватни интереси
41
previous post