Home » Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критериуми – констатира ДЗР

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критериуми – констатира ДЗР

by Журнал.мк

„Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај ним блиски фирми и лица, наместо во проекти од општо добро и значење. Нашите тврдења, сега се поткрепени и од Државниот ревизор, со ревизијата завршена во мај 2023 година, која точно посочува како се трошеле стотици милиони евра народни пари“ рече денеска на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според неа, „во извештајот се констатира дека преку Владината потпрограма Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства. Тоа се цели 100 милиони евра“.

„За да може да разбереме колкава штета е направена, ќе нотираме дека изградбата на нов Клинички центар во Скопје со оставен проект во 2017 година ќе чинеше 120 милиони евра. Значи владата на СДС и ДУИ за една година на сомнителен начин поделила пари колку за еден нов Клинички центар во Скопје. Се разбира никој не знае како се поделени истите, ниту што е ефектот. Кога се прашуваме зошто власта на СДС и ДУИ за 7 години не направи нов Клинички центар, а иако имаа готов проект, еве го одговорот“ вели Митева.

Таа посочува дека „Наодите на ревизија се уште пострашни во продолжение, имено тие велат дека при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Што во буквален превод значи, владата воопшто нема претстава каде завршиле цели 33 милиони евра од 100 милиони кои ги делела без јасно утврдени критериуми“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk