Home » Митева: Укинувањето на економските директори ќе придонесе кон подобро работење на Клиниките

Митева: Укинувањето на економските директори ќе придонесе кон подобро работење на Клиниките

by Журнал.мк

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма портпаролката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева истакна дека укинувањето на економските директори е ветување уште од предизборието, а појдовна точка за нивно укинување била злоупотребата на јавните средства односно финансиските средства, јавните набавки, дуализмот и непотизмот.

„ВМРО-ДПМНЕ во предизборието имаше клучно ветување во делот на здравството и здравствените политики кои планира да ги спроведе како идна Влада едно од ветувањето беше укинувањето на т.н економски или организациски директори затоа што во минатото покажаа низа на слабости и кога имате нефункционален систем кој покажал дека се злоупотребува тогаш цениме дека е оправдано истото. Појдовна точка за ова беше злоупотребата на јавните средства односно финансиските средства, јавните набавки, дуализмот и непотизмот. Со една ваква одлука ќе го намалиме дуализмот кој постои со врзан потпис во рамки на клиниките и ќе придонесе кон подобро и поотчетно работење”, рече Митева.

Во однос на пензионерите, Митева посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги послушала пензионерите за нивното барање.

„Она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за пензионерите е што го послуша нивниот глас и нивното барање за линеарно покачување од 5.000 денари да го реализираме. Согласно законите прво е ребалансот на Буџетот со што ќе се опфати оваа мерка и мерката од 100 милиони евра трансфер кон општините за реализација на проекти”, посочи Митева.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More