Home » Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

by Журнал.мк

„Седум години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот. Покрај тоа што ја ограбиле државата, СДС и ДУИ нанеле трајни штети врз иднината на државата и поставиле Дамоклов меч над буџетската каса тежок 1.3 милијарди евра“ рече денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа вели дека „извештајот на ДЗР нотира и се повикува на Координативното тело за следење на арбитражните постапки кои произлегуваат од склучените односно ратификуваните меѓународни договори на Република Македонија, кое изработило анализа и утврдило дека доколку државата ги изгуби споровите, вкупен износ на средства што потенцијално би требало да се платат се во износ од 82.267.500 илјади денари или 945 милиони евра и 420 милиони долари, што ќе има импликации врз Буџетот во наредните години“.

„Ревизијата нотира на потреба за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел утврдување на одговорност. Иако ревизијата е направена 2023 година, власта на СДС и ДУИ тоа не го направиле, иако имале можност за тоа. Истото не е направено затоа што тие се причинител на проблемот. СДС и ДУИ со државата се однесувале без основна грижа и домаќинлук. Штетите кои Македонија може да ги има во иднина се огромни. Одговорност мора да има“ вели Митева.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk