Home » Митева: Постигнат е договор со банките и условите за користење на кредитната линија се утврдени, историски најниска камата од 1,95% со исплата до 15 години со вклучен грејс период до 3

Митева: Постигнат е договор со банките и условите за користење на кредитната линија се утврдени, историски најниска камата од 1,95% со исплата до 15 години со вклучен грејс период до 3

by Журнал.мк

„Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Дозволете во името на Владата да ја информирам јавноста дека е постигнат договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството. Во однос на истото ве информирам дека на седница на Влада одржана на 26.11. се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва. Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови:

– минимален износ по корисник до 10 милиони евра;

– рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот;

– фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување;

– сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени:

– инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема;

– недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба);

– транспортни средства поврзани со производствениот процес;

– обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и

– нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата.

Почитувани граѓани,

Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk