Home » Митева: Најавено покачување во образованието се реализира, октомвриската плата е зголемена за 5%, продолжува растот на платите до минимум 46%

Митева: Најавено покачување во образованието се реализира, октомвриската плата е зголемена за 5%, продолжува растот на платите до минимум 46%

by Журнал.мк

Со новата Влада, наставниците почнуваат да се чувствуваат сигурни и помотивирани продолжуваат да ја извршуваат својата работа. Тоа е особено важно за подигнување на квалитетот на наставата и за континуитет во создавање нови и добро подготвени генерации.

Првото најавено покачување почнува да се реализира. Октомвриската плата, која се исплаќа овој месец, зголемена е за 5%. Расте нивната економска стабилност, како резултат на постигната спогодба помеѓу Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, од минатиот месец, која предвидува кумулативно покачување на платите на наставниците помеѓу 46 и 60% во следните 4 години, а истото ќе зависи од степенот на инфлацијата.

Од март следната година ќе има ново покачување за 7%, за што, во буџетот на Министерството за образование и наука за 2025 година се предвидени зголемени блок дотации кон општините за 1 милијарда и 500-тини милиони денари, споредбено со блок дотации од тековна година. Во апсолутен износ блок дотациите за 2025 година ќе изнесуваат речиси 24 милијарди денари.

Дозволете да потсетам и дека годинава, со самиот ребаланс на Буџетот се обезбедија дополнителни 900 милиони денари за да може нормално да продолжи исплатата на платите во образованието. Претходното раководство целосно го имало потрошено буџетот за оваа намена. Но, тоа е зад нас. Состојбите се менуваат и постепено се враќа дигнитетот на наставникот и неговата вредност во општеството. Следува уште поголема грижа не само за економскиот стандард, туку и за подобри услови за работа и континуиран кариерен и професионален развој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk