Home » Митева: Конечно е време во Македонија да имаме претседател кој ќе обединува и ќе биде еднаков за сите

Митева: Конечно е време во Македонија да имаме претседател кој ќе обединува и ќе биде еднаков за сите

by Журнал.мк

Портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, Марија Митева во интервју за Клан Македонија посочи дека е задоволна од одзивот на граѓаните за собирање на потписи за професорката Гордана Силјановска Давкова.

,,Досега не се запаметени толкав број на потписи собрани за еден ден за кандидат за претседател. Од една страна, можеме да кажеме дека станува збор за мобилизација на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга мораме да потенцираме дека станува збор за граѓани кои не се членови на политичката партија ВМРО- ДПМНE”, рече Митева.

Очекуваме гласови од сите етнички заедници, пулсот кај граѓаните за промени е многу голем, истакна таа.

Говорејќи за претседателскиот кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, Митева рече дека е убедена дека професорката Гордана Силјановска Давкова уште во првиот круг ќе има огромна предност пред останатите кандидати, а граѓаните се тие кои ќе одлучат кој ќе биде нејзин противник во вториот изборен круг.

,,За ВМРО -ДМНЕ нема поделба на гласовите на албански и македонски. Секој еден глас е вреден. Очекуваме поддршка од сите затоа што нудиме програма, визија и време е да направиме промена.Време е мудроста на граѓаните да биде поголема”, потенцира Митева.

ВМРО -ДПМНЕ очекува да добие 61 пратеник на изборите за да престанат уцените и да нема политичка нестабилност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More