Home » Мистериозно труење на две работнички во Штип

Мистериозно труење на две работнички во Штип

by Журнал

Две жени на 52 годишна возраст најверојатно се затруле со плин во кујна во Штип. Тие денес најпрвин биле примени во штипската Клиничка болница, а потоа и препратени во Клиниката за Токсикологија при Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје.

Две жени на 52 годишна возраст со возило на ИМП се донесени во ЈЗУ Клиничка Болница-Штип, по претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интензивна нега.

Со стабилни витални параметри и по претходен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени на Клиника за токсикологија при Клинички центар, Мајка Тереза во Скопје.

Информацијата ја потврдија и од Секторот за внатрешни работи Штип.

На 17.01.2024 во 11.47 часот во СВР Штип е пријавено дека во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош биле донесени две женски лица С.К. и С.Ш.. Според пријавеното, ним им се слошило додека биле на работа во кујна за подготовка на храна, по што биле пренесени во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител, а увидот во тек.

Од Токсикологија, пак за ТВ 24 брифираат дека жените се надвор од животна опасност, компактибилни и стабилни, но и дека знаци на труење нема. За што всушност станува збор и дали навистина имало труење со плин, треба да покаже увидот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More