На денешен ден (3 октомври) пред 29 години, извршен е атентат на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.
Тој го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.
Во инцидентот загина неговиот возач, Александар Спировски, додека пак телохранителот Илчо Теовски беше повреден.
Поради повредите, загина и случајниот минувач, Христо Христоманов, а повреди претрпеа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Истрагата покажа дека атентатот бил внимателно подготвен и организиран, но и покрај тоа, идентификацијата на лицата зад нападот останува непозната, а истражната постапка против непознат сторител сè уште е отворена.