Home » Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО

by Журнал.мк

Лидерот на НСДП и претседателката на ЛДП, партии кои беа дел од коалицијата која на парламентарните избори ја предводеше СДСМ демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, иако овие имиња се погласно се споменуваа, особено по вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека обезбедиле 61 пратеник, односно дека тројца пратеници преминале во нивното мнозинство кое брои 58 пратенички мандати.

-Ќе делуваме опозициски, а за начинот како организациски ќе функционираме, ќе одлучат органите на партијата после конститутивната седница, изјави Мицкоски во изјава за медиумите.

Зајкова пак објавите на социјалните мрежи дека преминува во ВМРО ги нарече нарачки од партиски ботови.

-Имаше такви кои агитираа и работеа против сопствената партија и денес прават повторно притисок. Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1, кажа Зајкова во изјава за „Локално“.

Инаку од ЛДП пратеничко место има само Зајкова, додека од НСДП, Горан Мисовски и Соња Мираковска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More