Home » МИСЛЕЛЕ ДЕКА Е ЗА ИЗРАЕЛ: Пропалестински активисти во Белгија уништија воена опрема наменета за Украина

МИСЛЕЛЕ ДЕКА Е ЗА ИЗРАЕЛ: Пропалестински активисти во Белгија уништија воена опрема наменета за Украина

by Lina Muslija

Упадот се случил околу 4:50 часот наутро во магацинот на OIP Land Systems во градот Турне. Активистите се членови на движењето „Стоп за вооружување на Израел“, а за време на рацијата кршеле прозорци, пишувале графити и оштетувале оклопни возила со чекани.

Според компанијата, оштетената опрема не била наменета за израелската армија, туку за украинските сили кои се борат против руската инвазија.

Претседателот на компанијата OIP Land Systems, Фреди Верслујс, изјавил дека нападот предизвикал значителна материјална штета, но и дека последиците ќе бидат ограничени на „околу еден месец доцнење во испораката на возила во Украина“.

-Ние не продаваме ништо на Израел. Вандалите упаднале во хангарот и оштетиле големо количество опрема, додаде тој.

OIP Land Systems е дел од OIP Sensor Systems, која е во сопственост на израелската одбранбена компанија Elbit Systems. Иако врската со сопственоста со Израел е јавна, менаџментот истакнува дека оваа белгиска подружница не извезува оружје за израелската армија.

Движењето „Стоп на вооружувањето на Израел“ тврди дека идентификувало „десет белгиски компании поврзани со израелската воена индустрија“.

OIP Land Systems веќе испорача стотици оклопни возила во Украина откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Фабриката во Турне е позната како едно од најголемите приватни складишта за оружје во Европа и е клучно за снабдување на украинските сили со тенкови и оклопни возила.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk