Home » Мишел бара „да се спроведат обврските од минатото“ за да напредуваме кон ЕУ

Мишел бара „да се спроведат обврските од минатото“ за да напредуваме кон ЕУ

by Журнал.мк

Со сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, Република Северна Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ и да се приклучи на нашето семејство, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во објава на Икс посветена на неговата вчерашна средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.

„Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Северна Македонија за членство во ЕУ“, наведе Мишел.

Тој во објавата додава и дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите поврзани со ЕУ.

За време на вчерашната работна посета на Брисел, Мицкоски, покрај со Мишел имаше средби и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман, а присуствуваше и на работен ручек што за лидерите на шесте земји од Западниот Балкан го приреди претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Премиерот Мицкоски при посетата на Брисел беше придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk