Home » Мисајловски: Време е да ја направиме Македонија повторно горда, да дадеме голема поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова

Мисајловски: Време е да ја направиме Македонија повторно горда, да дадеме голема поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова

by Журнал.мк

Денеска е денот каде што треба да се сплотиме, да донесеме заеднички патриотизам и да дојде времето на промени. Време е да ја направиме Македонија повторно горда. За таа цел ве поканувам денеска да дојдете на големиот митинг во 20:00 часот, пред платото на Владата на Македонија, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Заедно сите, сплотени и обединети да кажеме доста е од разнебитувањето и уништувањето на Македонија. Заедно да кажеме дека е време за промени, просперитет и напредок на Македонија.

Заедно сите да дадеме голема поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, новата претседателка на Македонија!

Да живее Македонија!

Се гледаме вечер!, пишува Мисајловски во својата објава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More