Home » Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за специјални сили – „Волци“: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за специјални сили – „Волци“: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

by Журнал.мк

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посети припадниците на баталјонот за специјални сили – „Волци“ во касарната „Илинден“ во Скопје.

За време на посетата министерот Мисајловски беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите што ги остварува, учеството во мировните операциите, како и операциите за заштита на источното крило на алијансата, мисијата eVA.

Министерот Мисајловски во разговор со припадниците на единицата упати искрена благодарност за нивната служба и непоколеблива посветеност.

„Вие сте инспирација и херои на нашата нација. Чест и привилегија ми е да застанам пред вас, припадници на најелитната единица на Армијата. Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата значајни за Армијата и за граѓаните“, рече министерот Мисајловски и додаде дека ќе направи сè за оваа, но и за другите единици на Армијата, да бидат на уште повисоко ниво на подготвеност и опременост.

При посетата министерот Мисајловски имаше можност да се запознае со дел од опремата што ја користат припадниците на единицата и да ги посети објектите на баталјонот за специјални сили.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More