Home » Мисајловски на средба со семејствата на загинатите бранители

Мисајловски на средба со семејствата на загинатите бранители

by Журнал.мк

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги посети и присуствуваше на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“, кои во овој период престојуваат во одморалиштето „Св. Стефан“ во Охрид во организација на Министерство за одбрана.

Од страна на министерот Мисајловски било искажано уверување дека Министерството за одбрана ќе продолжи да дава помош и поддршка за семејствата на загинатите бранители и достојно ќе го чува и негува споменот на македонските херои.

„На секој еден бранител потребно е да му се помогне, а посебно на семејствата на бранителите кои ги положија своите животи за Македонија. Лично ќе се залагам во наредниот период уште повеќе да помогнеме. Тие се вистински херои, заслужуваат најголема почит и никогаш не смееме да ги заборавиме, затоа што се одзвале на повикот на татковината, за заштита на сите нас“, потенцира министерот Мисајловски.

Додаде дека со заедничка соработка со Здружението „Херои на Македонија“ ќе се направи се што е потребно за семејствата на бранителите согласно законските можности во однос на нивните барања и потреби.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk