Home » Мирзојан: Ерменија планира да аплицира за членство во ЕУ

Мирзојан: Ерменија планира да аплицира за членство во ЕУ

by Журнал.мк

Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан денеска изјави дека Ереван размислува да аплицира за членство во Европска Унија.

Откако Никол Пашинјан во 2018 година ја презеде премиерската функција, продлабочени се врските на Ерменија со Европа и со САД, а тоа предизвика тензии со традиционалниот нејзин сојузник Русија.

Официјален Ереван постојано најавуваше дека сојузот со Москва не се протега на војната во Украина, додека Пашинјан ја обвини Русија дека сака да ја поткопа неговата Влада.

Ерменија, исто така, ја обвинува Русија дека не ја одбранила од долгогодишниот ривал Азербејџан за време на последниот конфликт во регионот Нагорно-Карабах, кој ги принуди повеќето етнички Ерменци да ја напуштат спорната територија.

Додека Азербејџан, исто така поранешна советска република, политички се доближува до Москва во последните неколку години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More