Home » Мирни и достоинствени студентски собири во Скопје, Битола, Охрид, за почит на загинатите

Мирни и достоинствени студентски собири во Скопје, Битола, Охрид, за почит на загинатите

by Журнал.мк

Студенти и денеска се собраа во неколку градови, во знак на молитва и почит на загинатите и желба за брзо опоравување на повредените.

Во Скопје, во кампусот на техничките факултети, во тишина и седумминутен молк, палеа свеќи и оставаа цветови. На истиот начин, студенти од битолскиот универзитет, заедно со своите професори и ректорската управа, оддадоа почит со цвете и свеќа пред споменикот на св. Климент Охридски сместен во дворот на Ректоратот во Битола. Мирен собир на средношколци од четирите средни училишта се одржа и во Охрид. Учениците мирно маршираа, движеејќи се низ улиците на градот, до градскиот плоштад каде тивко и достоинствено палеа свеќи и положуваа цветови. „Во секоја ѕвезда ќе ве бараме, во секој сон ќе ве чуваме“ беа дел од транспарентите кои го носеа учениците кои многу емотивно зборуваа за оваа страшна трагедија. Вечерва, во Скопје во 18 часот најавен е собир на Плоштадот „Македонија“ во знак на почит за загинатите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk