Home » Министрите од Алијанса нема да поднесат оставки, ќе следи ли интерпелација?

Министрите од Алијанса нема да поднесат оставки, ќе следи ли интерпелација?

by Журнал

Министерот за здравство нема намера да се изјаснува дали има чувство на припадност кон оваа влада или не, како што побара техничкиот премиер од министрите на Алијанса за Албанците кои го поддржуваат Таравари. Вели дека не одговара пред никого, освен пред претседателот на партијата.

На страната на Таравари е и министерот Азир Алиу, оттаму и аналитичарите очекуваат, доколку се подели Алијанса, што е се` поизвесно, тој и Меџити да бидат разрешени.

Меџити стоеше до Таравари и синоќа во Гостивар, каде се собраа стотина активисти и негови сограѓани, да му изразат поддршка откако беше објавено дека пред неговата врата е пронајден куршум од авоматска пушка.

Таравари сподели фотографии на својот фејсбук-профил, на кои се гледа како дел од присутните со запалени факели му изразуваат поддршка, а тој со мегафон им се обраќа.На негова страна е и мнозинството од Академијата додека во партиските ограноци се потпишуваат писма за поддршка.

Министерот Кренар Лога, пак, го поддржува Села, кој веќе закажа седница на централното Собрание за во сабота. Но, иако најавуваше, сега не бара одговорност, туку извештај од претседателот на партијата околу политичките случувања, а ќе се дискутира и за настапот на изборите, откако Таравари побара поддршка партијата да се приклучи кон албанската опозиција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More