Home » Министерството за култура ќе ги заштити од евентуални притисоци објавените членови на комисиите што ќе одлучуваат по годишните конкурси

Министерството за култура ќе ги заштити од евентуални притисоци објавените членови на комисиите што ќе одлучуваат по годишните конкурси

by Журнал.мк

Министерството за култура и туризам ќе ги заштити од евентуални притисоци членовите на комисиите што ќе одлучуваат по годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес, што завршија завчера. Ова го кажа министерот Љутков, откако вчера беа објавени фотографии од состанокот со имињата на тричлените комисии од музичка, ликовна, драмска , издавачка, музејска и библиотечна дејност, заштита на културно наследство и фолклор. Нивното објавување е во рамките на спроведениот транспарентен процес околу конкурсите, што беше забелешка на Државниот завод за ревизија, кажа министерот за култура и туризам.

„На сите им беше посочено дека можеби ќе бидат изложени на некакви притисоци. Истото го повторив , што повеќе сме транспарентни , што повеќе сме отворени , што повеќе независни во одлуките , имаме конкретни критериуми и точно знаеме што правиме , тогаш притисоците ќе бидат многу помали. После разговорот гледам дека никој не се откажа, никој немаше против. Така што се надевам дека сѐ ќе тече во најдобар ред. И ние сме тука како министерство и јас како министер, максимално да ги заштитиме“ изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.
Љутков при денешната посета на Кинотека на Македонија , кажа и дека бргу по овие , ќе следат конкурси за Креативните индустрии и за Интердисциплинарна дејност. Но, за Интердисциплинарна дејност, конкурсот ќе биде спроведен во поинаква форма зашто немаат обврска да го изведат како што се правеше до оваа година, поради тоа што дејноста не е вклучена во Законот за култура, како што забележал ДЗР. При посетата на Кинотеката, министерот најави дека од следнава година буџетот на оваа национална установа ќе го зголемат зашто во изминатите 7 години се крател за 50 до 60 %. Тоа се одразило на процесот на дигитализација на филмскиот фонд, рече в.д. директорот на Кинотека.

„Ја работат во моментов тројца луѓе . Како да ви кажам , секогаш треба повеќе луѓе и дополнителни средства ќе ни требаат за да продолжи оваа дигитализација и да се зголеми обемот“ изјави Бошко Грујоски, в.д. директор на Кинотека на Македонија.
Годишно, Кинотеката дигитализира два до три домашни играни долгометражни и 15 до 20 краткометражни филмови. До сега се завршени околу 80 % од нив. На 20 декември ќе се одржи премиера на дигиталната копија на филмот „ Мис Стон“. А, Хавзипашините конаци во село Бардовци, каде се чуваат копии од странски филмови се исчистени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk