Home » Министерство за транспорт: Ќе продолжи изградбата на пругата со Бугарија ако заеднички го пробиеме тунелот

Министерство за транспорт: Ќе продолжи изградбата на пругата со Бугарија ако заеднички го пробиеме тунелот

by Журнал.мк

Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, останува целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8. Тоа всушност го докажува и континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8.

Ова, како што соопшти Министерството за транспорт, бил ставот на македонската делегација составена од директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и Државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски, која со посредство на Европската Унија вчера во Брисел остварила работна средба со претставници од бугарската влада предводена од заменик министерот за транспорт, на која се разговарало за железничкото поврзување меѓу двете земји.

– Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект, ниту пак има извесност од бугарската страна дека се преземаат активности за железничко повврзување, беше потенцирано од претставниците на македонската делегација. Единствен услов прифатлив за Македонија за реализација на овој проект е доколку Бугарија започне со проектирање на тунелската цевка и двете земји и Македонија и Бугарија заеднички да извршат пробивање на тунелот со што овој проект би имал смисла и би се остварила целта на регионална интеграција како дел од европската транспортна мрежа. Мора да има нов повик кој би бил заеднички проект спроведен од Македонија и Бугарија се со цел во исто време да се гради пругата, во духот на добрососедството. Исто така мора да се ревидира и цената бидејќи сметаме дека е превисока, се наведува во соопштението.

На состанокот од страна на претставниците од Бугарија е истакнато дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но е изразена подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.

На средбата е заклучено двете страни да остварат уште една работна средба на крајот на овој месец со детали околу заедничката реализација на овој проект.

Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа, стои во соопштението од Министерство за транспорт.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk