Home » Министерот за заедници на Косово, Горан Ракиќ, е осуден на условна затворска казна од три месеци

Министерот за заедници на Косово, Горан Ракиќ, е осуден на условна затворска казна од три месеци

by Журнал.мк

Основниот суд во Приштина го осуди Горан Ракиќ на тримесечна условна казна затвор и парична казна од 1.000 евра, бидејќи во својство на министер за заедници и враќање неправилно ги приложил бараните податоци во образецот за пријавување на имотната состојба.

Пресудата ја соопшти судијката Наиме Красниќи Јашаница, откако претходно судот ја одобри спогодбата. Според таа пресуда, затворската казна од три месеци нема да се издржува доколку Ракиќ во рок од една година не стори друго кривично дело.

Во меѓувреме, Ракиќ е должен да плати казна од 1.000 евра во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More