Home » Министерот за правда Кренар Лога, одржа средба со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран во Хаг, Холандија

Министерот за правда Кренар Лога, одржа средба со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран во Хаг, Холандија

by Журнал

На средбата се дискутираше за важноста од учеството и активниот ангажман на земјите кандидати преку обвинителот за врска како демонстрација на заложбите и напредокот во евроинтеграцискиот процес, но и како можност да бидат дел од процесите кои главно се резервирани за земјите членки на ЕУ.

Министерот Лога уште еднаш изрази благодарност за поддршката од ЕВРОПРАВДА , како резултат на која соработка во успешна заедничка акција во изминатиот период беше разбиена меѓународна криминална група.

Во оваа насока, министерот изрази уверување дека досегашната соработка уште повеќе ќе се интензивира и со именувањето на Јавниот обвинител за врски од Република Северна Македонија со чиј директен ангажман несомнено ќе се зголеми ефикасноста во соработката со ЕВРОПРАВДА и справувањето со криминалот на меѓународно ниво.

На средбата, министерот и претседателот на ЕВРОПРАВДА , ги дискутираа и можностите за поддршка на ЕВРОПРАВДА за обезбедување на успешни примери на програми за автоматска распределба на предметите во судовите во некоја од земјите членки на ЕУ, како еден од приоритетите на кои е насочено Министерството за правда во процесот на дигиталзиација на правосудството.

Во оваа насока, министерот истакна дека со враќање на легитимитетот во работата на Судскиот совет и неодамнешниот избор на нов републички јавен обвинител обезбедени се два од трите клучни предуслови за обезбедување независно и функционално правосудство. Министерот нагласи дека со воспоставувањето на успешна дигитализација на правосудството преку функционален систем за автоматска распределба на предметите и заокружување на овој процес, Република Северна Македонија ќе постигне значителен напредок во реформата на правосудството а со тоа и владеење на правото.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk