Home » Министерот Тошковски во посета на Комората за приватно обезбедување

Министерот Тошковски во посета на Комората за приватно обезбедување

by Журнал.мк

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (20.09.2024) беше во работна посета на Комората за приватно обезбедување, каде меѓу другото истакна дека Министерството за внатрешни работи, како надлежен регулатор на овој аспект во работењето има за цел континуирано да биде во тек со сите потреби, активности и трендови во приватното обезбедување.

„МВР навремено да ги детектира сите можни нови форми на соработка кои се подеднакво во интерес како на приватната така и на јавната безбедност“, потенцираше министерот Тошковски при посетата на Комората на приватно обезбедување.

Акцент беше ставен на потребата од постојаната стручна и професионална надградба како на процесите така и на самиот човечки кадар во дејноста на приватното обезбедување и постојаниот контакт и размена на искуства и стручна соработка.
За време на посетата на Комората на приватно обезбедување беше потенцирано дека соработката меѓу Министерството и Комората е добар пример за меѓуинституционално партнерство со високо ниво на комуникација со конкретни резултати во функционирањето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk