Home » Министерот Муцунски во работна посета на Рим

Министерот Муцунски во работна посета на Рим

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.

На маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk