Home » Министерот Лимани на дводневна посета во Женева на Регионален состанок

Министерот Лимани на дводневна посета во Женева на Регионален состанок

by Журнал.мк

Министерот Лимани во своето обраќање ќе зборува за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен перио

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).

Министерот Лимани во своето обраќање ќе зборува за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен период.

На Регионалниот состанок во Женева, учествуваат земјите потписнички на Декларацијата од Европа и дел од Азија, а претходи на главниот настан кој ќе се одржи 2025 година, во Генералното собрание во Њујорк, кога се одбележуваат 30 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција.

Во делегацијата која ја предводи министерот Лимани се Посебниот советник на министерот и шеф на Кабинет, Флутра Калиси и претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади од секторот Еднакви можности, Министерството за надворешни работи, на Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) и на канцеларијата на UN Women во Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk