Home » Министерката за финансии одела и гасела светла по канцеларии навечер, немале ни кафе на работа

Министерката за финансии одела и гасела светла по канцеларии навечер, немале ни кафе на работа

by Журнал.мк

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска откри детали за тоа како функционира Министерстово откако таа раководи со него.

Таа порача дека во Министерството немале ниту кафе, туку самите си го купувале, а лично министерката гледала тоа да биде поевтино.

Економичната министерка за финансии, дури и лично правела контроли каде беспотребно светело светло во одредени канцеларии во Министерството.

„Ми се случи два три пати навечер да правам контроли и да гасам светла навечер кога забележував дека имавме светло во некои канцеларии и се прашував што се случува и во 11.30 навечер влегував да проверам зошто светат канцелариите“ вели Кочовска во видео интервју.

И додека министерката за финансии штеди купувајќи поевтино кафе и гасејќи светла, новата Влада доби повеќе министерства, се воведе заменик на заменикот директор во Царина, како и нови национални координатори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk