Home » Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

by Журнал.мк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе престојува во работна посета на САД.

За време на престојот таа на покана на македонските здруженија во Чикаго ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора која живее и работи во овој дел од САД, а од 22 април ќе учествува на редовните Пролетни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Во рамки на Пролетните средби, кои се одржуваат во Вашингтон, таа ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд, на Светската банка, со претставници на Трезорот на САД, како и со повеќе меѓународни финансиски институции.

На состаноците ќе бидат претставени мерките и политиките на Владата за одржување на макроекономскатa стабилност и реформски процеси за унапредување на управувањето со јавните финансии.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk