Home » „Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците“, велат од Црвена Младина

„Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците“, велат од Црвена Младина

by Журнал.мк

„Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје“, велат од Црвената Младина.

„Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите, ниту пак планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон градот Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП. Ваквата ситуација сериозно ја доведува во опасност мерката бесплатен превоз за студентите и средношколците која е од витално значење за младите!
Загрижувачка е неинформираноста на Јаневска за постоењето на оваа мерка која датира од 2016 година. Дополнително, министерката крајно дрско и неуко изјави дека ова било ветување кое таа и актуелната владина гарнитура не е должна да го реализира бидејќи не ветувала бесплатен превоз!

Владата која во предизборието ветуваше подигнување на стандардот и сериозен фокус на младите, не само што нема план да го подобри стандардот, туку очигледно започнува и со укинување на досегашните мерки, т.е. штедење и водење каприц на грбот на младите!
Бараме Владата итно да го подмири долгот кон град Скопје за да не дојде до укинување на оваа клучна услуга за младите. Не можеме да дозволиме неинформираноста и политичките игри дополнително да ги загрозат правата и благосостојбата на студентите и средношколците!

Црвена Младина не само што ќе се бори за заштита на веќе постоечките мерки коишто се во интерес на младите, туку и ќе работи на нивно проширување, вклучувајќи воведување на целосно бесплатен меѓуградски превоз за учениците и студентите“, се наведува во соопштението на Црвената Младина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More