На четиричлено семејство му се потребни 63.252 денари за покривање на трошоците за еден месец, поточно за месец јануари. Според пресметките на Сојузот на синдикати, минималната синдикална кошничка за овој месец е зголемена за 391 денар во однос на декември, која достигна 62.861.
Според Трендафилов, за една година минималната потрошувачка кошничка е зголемена за 6.989 денари или 10,65%. Тој додаде дека ССМ ќе вложи максимални напори трговците да имаат завршни сметки за тоа како се збогатуваат на сметка на граѓаните.
Трендафилов потсетува дека ако едно четиричлено семејство има приход од две минимални плати, ќе му недостигаат над 18 илјади денари за покривање на животните трошоци во текот на месецот. Доколку семејството живее под кирија, нивните трошоци ќе се зголемат на 78.627 денари месечно.