Имаме голема и нефикасна јавна администрација и мора тоа да се промени вели министерот за администрација Горан Минчев, кој најави дека во јануари пред пратениците ќе бидат повеќе стратешки закони со кој треба да се унапреди работата на јавната администрација.
„Имаме преголема, пребавна јавна администрација… Ние во рамки на овие нови законски решенија на коишто работи работната група во Министерството за јавна администрација ќе понудиме неколку решенија како пилот-проекти коишто ќе се однесуваат на делумно скратување на јавната администрација“, изјави Минчев.