Home » Минатиот викенд 11.500 луѓе ја поминале македонско-албанската граница кај Дебар

Минатиот викенд 11.500 луѓе ја поминале македонско-албанската граница кај Дебар

by Журнал.мк

Изминатиот викенд регистрирана е рекордна фреквенција на патници на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар.

– На овој премин регистрирани се 11.477 патници, од нив на влез во нашата земја 5715, додека на излез 5762 патници. Гледано одделено македонски државјани се 3591 од кои на влез 1410 и на излез 2181, додека 7886 се странски државјани, на влез 4305 и на излез 3581 патници, потврдија од македонското Mинистерство за внатрешни работи.

За рекордна фреквенција објавуваат и албанските медиуми, наведувајќи дека повеќе илјади албански граѓани патувале кон Дебар, каде во сабота е пазарен ден, да пазарат, но и да ги „наполнат автомобилските резеровари со дизел гориво, бидејќи таму е поевтино, но и поквалитетно“. Додаваат дека жителите на Дебар, но и други градови, патуваат во Албанија главно за туризам.

– Покрај подобрената патна инфраструктура, со изградбата на автопатот Патот на Арбр со што се скрати растојанието меѓу Дебар и Тирана и сега се стигнува за еден час, протокот го зголеми и намалената цена на осигурителната полиса „зелен картон“ со важност од една година, која сега изнесува 50 евра, наспроти претходно 400 евра, оценуваат албанските медиуми.

Инаку, од први април албанските власти ја намалија цената на „зелениот картон“ за албанските граѓани, за влез на македонска територија, по барањето на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, откако на први февруари стапи во сила одлуката со која им овозможуваше на албанските граѓани да патуваат во Црна Гора со осигурителната полиса „зелен картон“ со намален премиум, односно 50 евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk