Home » Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи европски модел за решавање на спорот со Бугарија

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи европски модел за решавање на спорот со Бугарија

by Журнал

Доколку постои заеднички интерес и членството на Македонија во ЕУ е важно и за Македонија, за Бугарија и за ЕУ, со поддршка на САД може да се постигне попрагматичен пристап за да се случи членството на земјата во ЕУ и секоја од земјите да се чувствува како победник. Ова го вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски во синоќешното телевизиско гостување за ТВ 24, одговарајќи на прашање дали мисли дека може да се ревидира преговарачката рамка на земјата со ЕУ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи европски модел за решавање на спорот со Бугарија – моделот на Словенија и Хрватска, каде исто така имаше проблем многу посериозен од ирационалниот спор меѓу Бугарија и Македонија, но со помош на Брисел се договорија Хрватска да влезе во ЕУ и тогаш да стапи на сила решението на нивниот спор. Но, да се прават измени на Уставот (на Северна Македонија) и потоа да се добијат уште 5-10 блокади од Бугарија е наивно и неодговорно однесување“, рече Милошоски, објаснувајќи кое е решението што ќе го предложи опозициската партија за земјата да продолжи со преговори со ЕУ.

Според него, со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, владејачката партија СДСМ ја стави Македонија во подредена позиција, „бидејќи Бугарија се повикува на Договорот за пријателство кога става вето и кога ја диктира преговарачката рамка“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk