Home » Милошоски: Власта сака да се ограничи критиката кон функционерите

Милошоски: Власта сака да се ограничи критиката кон функционерите

by Журнал.мк

Скандалозниот предлог закон што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда, е за да се ограничи критиката кон функционерите од власта, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„ За првпат по едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење. Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење, но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта.

Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски, којшто во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт.

Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ, којшто на мала врата го протнува овој вербален деликт2.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More