Home » Милошоски: Измените на законот се за да се зголеми ефикасноста на Бирото за јавни набавки

Милошоски: Измените на законот се за да се зголеми ефикасноста на Бирото за јавни набавки

by Журнал.мк

Измените на Законот за јавни набавки е со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на правната заштита за компаниите, изјави денеска пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Една од причините за ваквиот негов став, како што рече Милошоски е затоа што актуелната Државна комисија за жалби по јавни набавки не покажала ефикасност и резултати.

„Ние гледаме и според одредени анкети, спроведени од институти и Европската Комисија дека голем број на стопанственици дури не ни поднесувале жалби по јавните набавки затоа што знаеле дека однапред е одлучено како ќе биде“, рече Милошоски во изјава за Канал 5.

По однос на управната постапка или административна постапка сега, потенцираше Милошоски, се работи само за подобрување на ефикасноста за да нема преклопување на надлежноста на Бирото за јавни набавки со надлежноста на Државната комисија за жалби по јавни набавки, односно да се зголеми ефикасноста на Бирото за јавни набавки во почетокот на самата постапка кога има одредени поголеми јавни набавки, а Државната комисија за жалби по јавни набавки да биде крајната инстанца која ќе значи правна заштита на оние стопански субјекти кои сметаат дека има повреда на постапката.

„Ова разграничување ќе ги направи двете институции поефикасни во управувањето со финансиите и големи јавни набавки“, вели Милошоски.

Тој истакна дека измените се поврзани со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК.

„И третата работа зошто ги правиме измените на законот по скратена постапка е затоа што овие измени се поврзани и со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК каде како држава сме презеле одредени обврски, но претходната Влада не ги реализирала навремено односно ние треба во 2025 година да ги намалиме електронските набавки под 40 отсто. Досега биле навистина преголеми што создавало сомнеж дали истите се правилни или голем дел се злоупотребуваат и токму имаме таква интервенција да се ограничи оваа можност за електронски јавни набавки“, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека во предметот со РЕК Битола со големи јавни набавки, кој сега е актуелен, има преголем сомнеж за можен организиран криминал или корупција и тоа покажува дека досегашното дејствување на Државната комисија за жалби по јавни набавки не било на задоволително ниво.

„Во иднина ќе треба многу посилен ангажман на овие две институции за да имаме поголема контрола во јавните набавки“, укажа Милошоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk