Пејачката Милица Тодоровиќ проговори за својот тежок период во животот, но и за долгогодишното пријателство со колешката Катарина Живковиќ.
Најпрвин Милица откри дека нејзината дваесетгодишна кариера и појавувањата во медиумите малку ја измориле.
– Во моментов чувствувам малку нелагодност, затоа што вие новинарите ме опколивте. Анксиозна сум. Претходно намерно зборував за тој тежок период. Бев меланхолична некое време. Мојата душа се побуни. Не ми идеше да пеам… Затоа си реков: „Не ми е добро луѓе!“ Јас сум во шоуто 20 години и нормално е да се чувствувам очајно и да сакам да одам кај психотерапевт“, посочи Тодоровиќ.
Со оглед на тоа што новинарите ја сретнаа Тодоровиќ на промоцијата на новиот албум на Катерина Живковиќ, со која на почетокот беше цимерка, фолкерката откри непознати детали од тој период.
Каќа е луда, но тоа никогаш нема јавно да го покаже (се смее). Беше интересен животот со неа. Таа е вредна и прекрасна девојка. Кога живеевме заедно, се каравме затоа што таа како и секој нормален сакаше да излезе во град, додека јас се дружев на Јутјуб и Фејсбук“ – рече Милица, а на прашањето дали го видела наследникот на Катарина, Стефан, рече:
Во живо не сум го. Таа ми испраќа фотографии, но наскоро ќе го видам и со свои очи.