Српската пејачка Милица Павловиќ на 11 август наполни 33 години, а по тој повод прослави во еден познат белградски хотел со бројни ВИП гости. Во пресрет на роденденот, Милица најави 4 концерти како продолжение на нејзината турнеја „Лав“.
Таа откри дека има четири закажани концерти и тоа на 9.11. Риека, во Бања Лука на 15.11. годинава, а за следната е планирано на Денот на вљубените, 14-ти февруари во Скопје а за Денот на жената 8-ми март во Сараево.
Спектакуларната турнеја насловена „ЛАВ“ започна со голем концерт во белградската арена, по што одржа уште два подеднакво спектакуларни концерти во Нови Сад и Загреб.
Бидејќи сите овие години се трудеше на публиката да и го даде најдоброто на секое поле, а е позната и како врвен изведувач, нема сомнеж дека нејзините фанови на 14 февруари за Денот на Вљубените ќе имаат можност да уживаат во експлозија од неверојатна енергија и апсолутен аудио-визуелен спектакл кој веќе го освои целиот регион и публиката со месеци зборува за тоа колку напорно работела Милица за да и обезбеди на публиката неверојатен спој на музика во трите часови на програмата, односно концертот, танцот, емоциите, драмата, забавата и подарете им незаборавна ноќ.
Концертот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ а влезнците се веќе во продажба.