Home » „МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ОПШТИНИТЕ ОД ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, општините да подготват проекти“

„МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ОПШТИНИТЕ ОД ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, општините да подготват проекти“

by Журнал.мк

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се 250 милиони евра за општините, односно 1 милијарда евра во рамките на четиригодишен мандат за развој на општините и решавање на потребите на граѓаните, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија.

Мицкоски додаде дека планирани се до 250 милиони евра годишно, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните.

Целта на овој проекти е да практично допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација водоводи, атмосферска и фекална асфалт, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во пред школската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тоа 1 милијарда во 4 годишен мандат и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозна намера да го решат тоа што последниве години е пропуштено.

Од овде од Гевгелија апелирам до сите градоначалници без разлика дали се тоа од ВМРО-ДПМНЕ или од другите политички партии да подготват проекти и таму некаде наесен кога очекуваме да биде јавниот повик да аплицираат и  идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да практично одобри средства за реализирање на тие проекти во општините, ние не сме како владата на СДСМ и ДУИ ние сакаме да ја развиваме Македонија на целата територија на 26 илјади квадратни километри, секоја педа секој метар ни е важен, без разлика дали градоначалникот е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и во име на тоа ги повикувам сите градоначалници да подготват проекти, да аплицираат и заедно со тие градоначалници да ги реализираме тие проекти што  се од интерес на граѓаните во цела Македонија, изјави Мицкоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More