Home » Милетиќ: Поради кризата во СДСМ, најдобро да си формираат внатрепартиски кризен штаб

Милетиќ: Поради кризата во СДСМ, најдобро да си формираат внатрепартиски кризен штаб

by Журнал.мк

Поради кризата во СДСМ, им предлагам дека е најдобро да си формираат внатрепартиски кризен штаб за да започнат со длабоки реформи во нивните редови, а со цел да го сузбијат енормниот криминал кој го имаат сторено, да ги санкционираат нивните структури кои правеле криминал и ги донеле претпријатијата во ваква состојба за време на нивното владеење, посочува Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.

-Исто така, им препорачувам да си формираат и еден кризен штаб кој ќе им дава точни податоци за ситуациите настанати во државава. Уште еднаш потенцирам дека дефектот беше бајпасиран во рок од неполни два часа и на граѓаните на Град Скопје експресно им се нормализираше испораката на топлинска енергија. Дополнително, еден мал дел вонредно се санира поради негрижата од претходното раководство на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, назначено од СДС и ДУИ, истакна тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk