Миленикот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, померанецот Умка често го придружува својот сопственик на политички состаноци и службени патувања.
Информациите за тоа кој му го дал на шефот на државата белиот шпиц Умка и зошто е избран да го следи, не се соопштуваат.
Цената на померанец може да надмине 2 илјади долари. На домашно милениче му е потребна посебна грижа: за да се одржи презентабилен изглед, потребно е внимателно да се следи неговата исхрана и хигиена. Забележлива е активноста и љубопитноста на оваа раса, како и нејзината тенденција за манипулација.
Умка првпат се појави на јавен настан на 25 април 2020 година, кога пристигна во регионот Гомел со Лукашенко.
– Голем љубител сум на животните бидејќи пораснав во нивна близина. Во селото имаше многу животни. Тие мора да бидат заштитени. Како што се однесувате кон природата и животните, така ќе ви се одвива животот – изјави еднаш претседателот на Белорусија.
Освен кучето, Александар Лукашенко на својата фарма има и три мачки, лабрадор, коза, зајак и крава.