Поп дивата Јелена Карлеуша утрово преку својот Инстаграм профил објави дека по 16 години брак и официјално се разведе од фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ.
Како што напиша таа, Душко не ja удостоил да дојде, туку го испратил својот адвокат да ги потпише документите за развод. Покрај тпг додаде дека по денешниот ден веќе не сака да има ништо со сега веќе бившиот сопруг.
Веста за разводот на славната двојка звучеше како бомба, а коментарите за поддршка од обожавателите под објавата само постојано доаѓаа. Јавната личност која меѓу првите ја поддржа Карлеуша беше нејзиниот помлад колега, Милан Станковиќ, на кој му се допадна споменатата објава.
Да потсетиме, Карли и Станковиќ соработуваа на нејзиниот нов албум „Омега“.
Имено, Станковиќ и подарил на Јелена песна, поточно музиката што ја направил за нумерата „Madness“.