Home » Милан сака да го задржи Мајк Мењан со нов договор и зголемување на платата

Милан сака да го задржи Мајк Мењан со нов договор и зголемување на платата

by Lina Muslija

Италијанскиот калчолигаш Милан е подготвен да му понуди продолжување на договорот на францускиот голман Мајк Мењан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Мењан (29) во Милано пристигна во 2021 година од Лил, а за „росонерите“ настапи на 113 натпревари.

Голманот на француската репрезентација има договор со италијанскиот клуб до јуни 2026 година.

Челниците на Милан се задоволни од формата на Мењан, кој моментално во италијанскиот клуб заработува 3,2 милиони евра по сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставниците на Милан планираат да започнат преговори со францускиот голман и неговите агенти околу продолжување на договорот и зголемување на платата во наредниот период.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk