Македонскиот репрезентативец Енис Барди има важечки договор со Леванте до крајот на сезоната поточно до 30 јуни 2022 година.
И натаму нема никакви најави за евентуално продолжување на соработката меѓу двете страни, а како што е познато во важечкиот договор постои опција Барди да остане уште две години во клубот од Валенсија.
Сезонава во најсилното шпанско првенство забележа три гола во 14 настапи. Леванте има само еден триумф во „Ла Лига“ на последната 20 позиција и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата.
Веќе се шпекулира околу иднината на 26-годишниот фудбалер од средниот ред, има информација дека италијанскиот гигант Милан нуди пет милиони евра за услугите на Барди, а интерес покажува и Торино.
Нашиот репрезентативец ја игра петтата сезона во дресот на Леванте, а претходно четири години беше дел од унгарскиот Ујпешт.