Фудбалските аналитичари го прогласија Милан како тимот кој најмногу напредувал во изминатите дванаесет месеци.
„Росонерите“ се на врвот на Серија А со еден бод предност пред градскиот ривал Интер и дури десет во однос на бранителот на титулата Јувентус, со кого ќе се соочат оваа среда.
Прва ѕвезда на калчолигашот е Златан Ибрахимовиќ, но Стефано Пиоли направи одлична работа во однос на мотивацијата и кај сите останати фудбалери. Дури и кога шведскиот напаѓач не е на теренот, Милан делува солидно и игра без никакви проблеми, што му го носи првото место во италијанското првенство.
Кога се во прашање најдобрите европски екипи на врвот е Баерн Минхен пред Манчестер Сити, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид.