Раководството на Милан води преговори за продолжување на договорите на дел од важните играчи, а во моментов приоритет е една позиција.
Се работи за голманот Мајк Мењан, кој според информациите на италијанските медиуми е многу блиску до продолжување на соработката со „росонерите“ на долг рок.
Повеќе европски клубови ја следат ситуацијата со францускиот голман и евентуалниот исход од преговорите со Милан, но Италијанците се убедени дека и самиот Мењан е расположен да остане во Милано по 2026 година, кога му истекува актуелниот договор.
Мењан ќе добие и повисока плата, што ќе биде дополнителен мотив да стави потпис на продолжувањето на договорот со Милан до 2029 година. Актуелната плата на Мењан е 2,8 милиони евра, а со новиот договор би стигнал до најмалку 5 милиони евра по сезона.
Французинот дојде во Италија во 2021 година од Лил и се покажа како одлична замена за Џиџио Донарума.