Home » Мицотакис: Владата ќе одвои 400 милиони евра за јануари за да го покрие покачувањето на струјата

Мицотакис: Владата ќе одвои 400 милиони евра за јануари за да го покрие покачувањето на струјата

by Журнал.мк

За месец јануари ќе се издвојат дополнителни 400 милиони евра со кои ќе се покрие значителен дел од поскапувањата на сметките за струја, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, најавувајќи владина помош и за овој месец како за домаќинствата и земјоделците, така и за бизнисите во справувањето со енергетската криза, јави дописничката на МИА од Атина.

-Станува збор за храбар, но во исто време и реален план за поддршка, што помага на сегашноста, но не ја загрозува иднината. Акцентот, очигледно е на олеснувањето на домаќинствата. Но, исто така, им помагаме и на бизнисите да останат на вистинскиот пат на раст, задржувајќи ги работните места. И, главно, за да не се зголемат трошоците за производство и тоа да се префрли на цените на производите, истакна Мицотакис.

Дополнително, најави дека ќе се воведе и нова програма за заштеда на енергија, ќе се субвенционира замената на старите електрични уреди, кои потоа ќе се рециклираат и додаде дека целта е „сите грчки домови да функционираат со модерна и поекономична електрична опрема”.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk